Жиру: На Мареска му се потребни уште двајца играчи за да го комплетира тимот

Дерби

17/12/2025

13:24

120

Големина на фонт

а а а

Енцо Мареска запиша нова победа како менаџер на Челси и истата беше доволна за фаворитот да се пласира во полуфиналето на Лига Купот, натпреварување кое му послужи за да искористи играчи кои поретко добиваат шанса.

Италијанскиот стручњак има добра ротација и низа млади играчи кои знаат да одговорат на задоволително ниво, а во период кога се очекува Челси да направи уште еден исчекор напред по првата сезона со Мареска, менаџерот доби еден совет од Оливие Жиру.

Французинот смета дека на Мареска му се потребни уште двајца играчи за да го комплетира тимот, а тоа се нов играч во одбрана и еден во напад.

– Сметам дека на Мареска му е потребен напаѓач кој ќе биде константен и кој ќе дава голови секоја надела за тимот. Мареска поседува голем талент во актуелниот тим, но потребно е и малку поголемо искуство.

– Има многу млад тим, мислам дека му се потребни уште еден или двајца играчи. Деветка и централен стопер би биле добро решение за да се комплетира тимот. Можеби Делап би бил добро решение во иднина, овој тим се уште е многу млад и ќе биде потребно време за да се бори за титулата во Премиер лигата, – изјави Жиру.