Шокантен развој на настаните: Алкарас се раздели со својот најважен сојузник

Дерби

17/12/2025

14:22

261

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас ја остави најдобрата сезона зад себе и ја заврши годината како светски рекет број еден по вторпат во кариерата, но севкупно гледано, Шпанецот ги прикажа најдобрите и најконстантните перформанси во текот на 11 месеци.

Алкарас освои две грен слем титули и уште шест трофеи на турнирите од други категории, па во ситуација кога ова изгледаше како извонредна најава за тоа што следи, цела фан база на Шпанецот остана шокирана од објавата која беше проследна ова попладне.

Карлито ја извести јавноста дека од денеска му се раскрстува патот со неговиот неразделен соработник во изминатите неколку години, а тоа е тренерот Хуан Карлос Фереро.

– Многу ми е тешко да ја напишам оваа објава… По повеќе од седум години заедно, Хуанки и јас решивме да го завршиме нашето заедничко патување како тренер и играч. Ти благодарам што ги направивте моите детски соништа реалност. Го започнавме ова патување кога бев само дете и во текот на овој период ме придружуваше на ова неверојатно патување, на теренот и надвор од него. И навистина уживав во секој чекор од патот со тебе, – напиша Карлито на својот Инстаграм профил.

– Стигнавме до врвот и чувствувам дека ако нашите спортски патеки мораа да се разделат, тоа треба да биде токму од горе. Од местото за кое отсекогаш работевме и секогаш се стремевме да го достигнеме. Толку многу спомени ми се враќаат што изборот само на една работа не би бил фер. Ми помогна да растам како спортист, но пред сè, како личност. И нешто што го ценам неизмерно: Уживав во процесот. Ќе го понесам цело патување кое што го споделивме во останатиот дел од кариерата.

– Ќе се држам до тоа, до патувањето што го поминавме заедно. Сега доаѓа време на промени за двајцата, нови авантури и нови проекти. Но, сигурен сум дека ќе се соочиме со нив на вистинскиот начин, давајќи го најдоброто од себе, како што секогаш сме правеле. Секогаш додавајќи вредност на работите. Ти посакувам се најдобро од дното на моето срце во сè што следи. Ми останува мирот во умот од сознанието дека не оставивме ништо некажано, дека ставивме сè на располагање еден на друг. Ти благодарам за сè, Хуанки!, – завршува Алкарас.

Карлос го завршува патувањето со Фереро со шест освоени грен слем титули, па останува да видиме во кој правец ќе продолжи неговата кариера по оваа ненадејна разделба.