Вирален хит: „Серхио Рамос“ играше против Барселона во Копа дел Реј

Дерби

17/12/2025

13:27

226

Големина на фонт

а а а

Барселона доста потешко од очекувањата се справи со третолигашот Гвадалахара и мораше да се намачи за да го реши натперварот во регуларниот дел, и тоа со два погодоци постигнати во последните 15 минути.

Каталонскиот гигант ја оправда улогата на фаворит и ја заврши задачата која се покажа потешка од предвиденото, но двата постигнати гола на Кристенсен и Рашфорд останаа сенка на еден играч со име Борха Дијаз.

Искусниот 35-годишен играч за врска стана вирален хит на социјалните мрежи, а причина за тоа е неговата неверојатна сличност со легенда на Реал Мадрид.

Фудбалерот на Гвадалахара неверојатно многу потсетува на Серхио Рамос, па на социјалните мрежи се направија безброј мемиња кои содржат комични коментари.

– Борха Дијаз личи повеќе на Серхио Рамос и од самиот Серхио Рамос…