[ВИДЕО] „Еј, кој те учи така? Да лажеш дека сакаш?“ - Лара Иванова со емотивна изведба на нејзината прва песна, која во исто време боли и лекува

Точка

17/12/2025

18:00

345

Големина на фонт

а а а

Со топлина во гласот и зрелост која јасно се слуша во секој стих, македонската пејачка Лара Иванова се врати на самиот почеток на својата кариера и повторно ја отпеа својата прва авторска песна „Кој те учи така“, споделувајќи видео од изведбата на социјалните мрежи, во соработка со „Што го врти светот“.

Песната, која Лара ја напиша и ја претстави пред македонската публика на Макфест 2019 година, за неа претставува не само музички дебитантски момент, туку и дело со кое ја отвори душата пред публиката. Тогаш само тинејџерка, а денес млада артистка со чекор посигурен од било кога, Лара повторно го оживува истиот пламен што го запали пред шест години.

Под објавата таа напиша:

„Една од моите омилени песни за интерпретирање, а воедно и мојата прва песна. Се надевам дека ќе уживате во оваа изведба на ‘Кој те учи така'“.


Песната сама по себе носи приказна која боли и лекува во исто време. Текстот отвора врата кон свет исполнет со предавство, разочарување и храброст да се продолжи понатаму:

„Ти лажеш без срам...
Не знам кој те учи така…
Еј, кој те учи така, да лажеш дека сакаш?
Таков човек нејќам јас…“.

Лара со овој проект уште тогаш им ја покажа на сите својата способност да раскаже силна емоција преку музика, а ре-изведбата денес ја демонстрира нејзината уметничка зрелост.

Фановите ја пречекаа оваа повторна изведба со огромна носталгија. За многумина, видеото е враќање во времето кога Лара првпат се појави на сцената и остави впечаток дека доаѓа едно ново лице кое има и глас и приказна.

Со оваа објава, Лара само потврдува: некои песни не стареат, тие растат заедно со артистот.

И оваа песна, „Кој те учи така“, останува доказ дека Иванова уште од своите најрани чекори знаеше да ја претвори болката во музика, а музиката во вистина.

Автор: Ц.Н.