Илон Маск не ја пропуштил можноста да го искоментира изгледот на славната Сидни Свини на црвениот тепих и се чини дека неговиот коментар предизвикал поделени мислења.
Може да се каже дека Сидни Свини е вистинска сензација во светот на славните и тоа главно поради својот неверојатен изглед.
Нејзините изданија на црвениот тепих се тема кај модните критичари, па секогаш наоѓаат начин да го искоментираат и нејзиниот физички изглед.
Can’t be easy pic.twitter.com/N1Nb7qfq03
— Elon Musk (@elonmusk) December 16, 2025
Актерката неодамна присуствувала на премиерата на филмот „The Housemaid“ во Лос Анџелес, а за таа прилика носела фустан којшто многумина ги потсетил на популарната Мерилин Монро.
Фотографиите се појавија на социјалните мрежи, вклучувајќи ја и „X“, а Илон Маск не ја пропушти можноста да искоментира. И додека многумина го пофалија овој нежен стајлинг, нешто друго го привлече вниманието на Маск - бујните гради на Свини. Тој го искоментира тоа во форма на „меме“ на жена со големи гради.
Коментарот предизвика поделени мислења на интернет. И додека некои сметаат дека „мемето“ е смешно, други го критикуваа за начинот на кој се однесувал кон актерката.


Што мислите вие?






