[ФОТО] Спенџарска се присети на првото интервју со ДНК: „Кога им кажав дека имам трема, Панчо ми рече дека ќе направиме досадно интервју без проблем – двајцата беа едно“

Точка

18/12/2025

21:00

935

Големина на фонт

а а а

Водителката Јелена Спенџарска, која со години ја гледаме на малите екрани, на својот Инстаграм профил се потсети на почетоците од својата новинарска кариера односно на едно интервју направено пред 15 години.

Станува збор за првото интервју со групата ДНК, момент што за неа останал длабоко врежан во сеќавањето.

Како што раскажува Спенџарска, Андреј и Панчо тогаш буквално биле едно – со неверојатна енергија и харизма и знаеле целосно да ја опуштат атмосферата со шеги и смеа.


„Ова го имав заборавено, ме потсети Фејсбук на едно преубаво време кога снимав интервјуа само со музичари и посебно се радував на ова со ДНК затоа што првпат ги запознав во живо и не престанав да се смеам“, напиша Јелена.

Таа се потсети и дека во тој период тие сè уште не биле во брак, немале деца и постојано се шегувале на своја сметка.


„Се сеќавам дека имав трема кога седнавме на маса и им го кажав тоа (дека првпат снимам со нив). Панчо ми рече да не се секирам дека ќе направиме досадно интервју без проблем“.

„Која енергија ја имаа тие двајца, која харизма, двајцата беа ЕДНО... огромна штета за ова што се случи. Барем повторно се заедно“, напиша Јелена на Инстаграм.