Една од најпознатите модни инфлуенсерки во Македонија, Александра Шијакоска, често на социјалните мрежи споделува моменти кои ги поминува заедно со своето семејство, особено откако се оствари во улогата на мајка.
Овојпат таа со новогодишна фотосесија која ја направи заедно со сопругот Едмонд Весели и синчето Риан ги разнежни следбениците и внесе доза празнична магија на социјалните мрежи.
Малиот Риан кој без сомнеж е центарот на светот на мама Александра и тато Едмонд, е она што им изнудува најголема насмевка, им ја грее душата и им го полни срцето.
Не постои сомнеж дека тој е најубавиот новогодишен подарок на парот, како што воопшто секое дете претставува тоа за секој родител.
Под објавените фотографии од празничната магија, Александра напиша:
„Сликајте… без причина и со причина. Ваквите моменти минуваат пребрзо. Децата растат за миг, деновите летаат, а ние често не сфаќаме колку убаво ни било додека трае. Нека ни останат сликите, да не потсетуваат на смеата, прегратките и љубовта. Ако сака Господ и ако таков ни е патот, еден ден, кога ‘сега’ ќе стане ‘некогаш’, ќе имаме каде да се вратиме. Барем на кратко“.
Инфлуенсерката сподели и емотивно видео од кратки исечоци од 2025 година која вели дека била година исполнета и помината со семејството.
„Сезона исполнета со семејство, пријатели и моменти што не се планираат, туку се паметат.
Смеа, солзи, долги разговори, прегратки и чувство на дом.
Благодарна за уште една година покрај луѓето што ми го прават животот побогат и срцето полно“.














