Пејачката никогаш не зборувала поискрено за своето семејство, растењето и предизвиците низ кои поминала на многу мала возраст.
Шакира Изабел Мебарак Риполе една од највлијателните пејачки во музичката индустрија. Колумбијката на сцената е повеќе од 30 години, а нејзините хитови станаа химни со генерации.
Сепак, патот до успехот воопшто не бил лесен, како што самата уметница откри во интервју за „Венити фер“. Во текот на детството, нејзиното семејство имало многу скромни средства.

„Бев едноставна колумбијска девојка, од семејство кое немало ништо. Татко ми ја изгубил работата. Имав пристојно образование, фала му на Бога, тоа е единственото нешто на кое моите родители никогаш не штеделе“, изјавила Шакира, нагласувајќи колку ѝ било тешко да се бори за своето место во музичката индустрија.
„Сè за што сонував изгледаше недостижно, но имав инстинкт“, објаснила таа, па додала:
„Немаше социјални мрежи, немаше кратенки за постигнување цели. Морав напорно да работам“, продолжила пејачката.
Потоа се потсетила дека денес има многу повеќе начини музиката брзо да се шири или да стане вирална, додека порано сè било многу покомплицирано бидејќи зависело од издавачките куќи и луѓето кои верувале во нивниот талент.

Таа исто така истакнала дека започнала во време кога „латино музиката не била во мода во остатокот од светот и не се слушала надвор од хиспанските земји“.
Денес, вели таа, ситуацијата е сосема поинаква, а овој жанр е распространет низ целиот свет, особено во Шпанија, каде што многу јужноамерикански изведувачи постигнуваат голем успех.
„Сè за што сонував изгледаше недостижно. Но, имаше вера во мене, внатрешен компас што ме водеше - инстинкт. И никогаш не престанав да го слушам“, речла Шакира, зборувајќи за тоа како ги надминала пречките.

На крајот, таа споделила порака што денес би ѝ ја испратила на помладата верзија од себе:
„На вистинскиот пат си. Продолжи понатаму. Сè ќе се исплати. Не ги слушај оние што не веруваат во тебе. Само продолжи, бидејќи ќе успееш“, заклучила Шакира.









