Мареска за статусот во Челси: Една недела сум во Јувентус, друга во Сити

Дерби

19/12/2025

13:27

168

Големина на фонт

а а а

По успешниот настап во Лига купот, Челси им се враќа на обврските во Премиер лигата, а тоа подразбира тешко гостување кај Њукасл во текот на утрешниот ден.

Менаџерот Енцо Мареска на денешната прес-конференција зборувал за тежината, но и значењето на овој натпревар, а новинарите не пропуштиле да побараат одговор и на шпекулацијата дека тој е избран за наследник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Италијанецот кој работеше со Гвардиола неодамна излезе со индиректен напад кон менаџментот и сопствениците на клубот, па тоа беше доволно за да се засилат шпекулациите дека следната сезона би можел да води и друг клуб.

– Таквите информации воопшто не ми влијаат, затоа што се сто проценти шпекулации и немам време да размислувам за нив.

– Имам договор до 2029 година, фокусиран сум на работата со Челси и горд сум што сум дел од овој клуб.

– Претходната недела медиумите ме преселија во Јувентус, оваа станав менаџер на Сити, затоа и не посветувам внимание на такви информации. Можеби треба да размислиме зошто веста за поврзаноста со Сити е објавена сега, но јас мора да размислувам за Њукасл бидејќи тоа е тежок натпревар за нас, – рекол Мареска.