Слот: Блиску сме до Ливерпул каков што сакам да бидеме

Дерби

19/12/2025

13:49

177

Големина на фонт

а а а

Арне Слот заработи сериозни критики поради слабите резултати на Ливерпул во Премиер лигата, но холандскиот стручњак е убеден дека неговиот тим оди по исправен пат и наскоро ќе го покаже своето најдобро лице.

Актуелниот шампион загуби многу бодови изминатиот период, но менаџерот смета дека променливите резултати се очекуван ефект на сериозните промени во екипата.

– Се приближуваме до оној Ливерпул какво што сакам да бидеме.

– Имавме падови и подеми, но за тоа мене тоа е очекувано поради промените кои ги направивме последното лето, а истите беа направени затоа што сметав дека е потребно.

– Потребна е адаптација, а со тоа и време, а имавме и неколку несреќни моменти поврзани со судиските одлуки. Дури и на последниот натпревар не беше досуден црвен картон за противнички играч, но тоа не влијаеше на конечниот епилог.

– Мора да се погрижиме нашето ниво на игра да дојде до позиција во која судиските грешки нема да влијаат на резултатите, – рекол Слот.