[ФОТО] Барселона ќе мора да купува нов стопер: Флик остана без уште еден дефанзивец поради тешка повреда

Дерби

21/12/2025

15:02

326

Големина на фонт

а а а

Барселона не успеа достојно да го замени отсуството на Ињиго Мартинез и не донесе вистинска замена за клучниот стопер од минатата сезона, а низата проблеми кои се случија во последно време, сега ја тераат управата на клубот да размислува на ангажман во јануарскиот преоден рок.

Поради психолошки проблеми и пронаоѓање на душвениот мир, Роналд Араухо веќе некое време е надвор од стројот на Барселона, па затоа посебно лоша е денешната вест која ја испрати медицинскиот тим на Барселона за Андреас Кристенсен.

Данецот одговори одлично на натпреварот против Гвадалахара, но во финишот заработи повреда и денес се покажа дека истата е од посериозен карактер.

Кристенсен заработил парцијално кинење на предниот вкрстен лигамент, па иако во прв момент избегнува операцијата, сепак алтернативниот третман ќе го оддалечи од терените во период од три до четири месеци.

Претпоставките се дека стоперот нема да може да игра до месец април, а во актуелната ситуација, Ханси Флик останува само со двајца природни стопери во тимот, а тоа се Ерик Гарсија и Пау Кубарси.

Првиот во последно време игра како играч за врска и опција за стопер се претвори Мартин, но поради скратената ротација, многу веројатно е дека Барселона ќе биде приморана да купува уште еден дефанзивец во јануари.