Мојс му симна капа на својот омилен играч од Арсенал: Тој е најдобар во светот

Дерби

21/12/2025

11:35

696

Големина на фонт

а а а

Дејвид Мојс му дал стриктна задача на Тим Ироегбунам да го чува Деклан Рајс на натпреварот против Арсенал кој вчера се одигра во Ливерпул, а иако искусниот стручњак е задоволен од изданието на својот фудбалер, сепак тоа не беше доволно за да се неутрализира клучниот играч за врска на лидерот.

Рајс доби извонредна оценка за претставата на „Хил Дикинсон“ стадионот и доминираше во средниот ред, а по средбата, беше посочен како најдобар играч за врска од својот поранешен менаџер во Вест Хем.

– Сметам дека Тим одговори навистина добро, играше одлично, но против себе го имаше најдобриот играч за врска во светот. За таква битка на теренот, сметам дека заврши извонредна работа.

– Деклан е уште подобар играч од времето во Вест Хем. Тој се развива, а таа работа сега не ми се препишува на мене. Деклан отсекогаш бил одличен играч, но со Микел Артета прерасна во вистинска класа и во врвен играч.

– Најмногу од се ми се допаѓа тоа што тој е добро момче. Поради тоа доби шанса, стана одличен играч и сега има врвни атрибути, – изјави Мојс.