Поради густата магла откажани сите утрински летови од аеродромот во Скопје

Точка

21/12/2025

09:44

602

Големина на фонт

а а а

Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром. Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје до Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција.

Откажан е и летот до Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“.

Во моментов на аеродромот нема ниту еден авион. Сите шест авиони на „Визер“ биле пренасочени кон аеродромите во Приштина, Софија, Тирана, Солун и Охрид. Утрово екипажите патуваат кон овие градови за да ги враќаат патниците и да ги извршат откажаните летови.

Вчера поради маглата, само три авиони успеаја да слетаат и подоцна да полетаат, додека сите други летови беа откажани или пренасочени. Видливоста на пистата паднала на помалку од 100 метри, значително под стандардите за безбедно слетување.


Според УХМР, маглата и променливото време ќе продолжат во Скопје во наредните три дена, па патниците треба да бидат подготвени за можни нови откажувања на летови.

Сите промени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време на веб-страницата на Меѓународниот аеродром Скопје, а патниците можат да се информираат и преку 24/7 телефонската линија: +389 2 3148 333.