Ана Курникова и Енрике Иглесијас го добија своето четврто дете.
Парот ја сподели среќната вест на нивните Инстаграм профили. Во објавата, тие споделија фотографија од новороденче завиткано во ќебе со капче, а во описот на фотографијата Ана напиша: „Моето сонце 17.12.2025“.
Парот сè уште не го открил името или полот на детето. Покрај новороденчето, Курникова и Иглесијас ги имаат близнаците Луси и Николас, како и ќерката Мери.
Под нивната објава се редеа бројни честитки, а некои од коментарите беа: „Толку сум среќна за вас. Семејството само продолжува да расте“, „Честитки за ова четврто чудо“, „Бебето е преслатко“.
Извор близок до парот претходно открил за „People“ дека Ана и Енрике се многу среќни што повторно стануваат родители.
„Тие се покажаа како прекрасни родители и двајцата го сакаат процесот. Уживаат во активностите и сè што оди со одгледувањето деца“, рекол тој.
Исто така, изворот открил дека пејачот одлучил да го намали бројот на турнеи за да поминува повеќе време дома со својата партнерка и децата, бидејќи родителската улога му е најважна.









