[ФОТО] Дуа Липа на одмор со свршеникот позираше во заводливо издание: Црн костим за капење и витка фигура во преден план

Супермен

24/12/2025

08:52

1.363

Големина на фонт

а а а

Дуа Липа на својот Инстаграм профил сподели моменти од егзотичен одмор со својот свршеник, актерот Калум Тарнер.

Преку серија фотографии, пејачката ја истакна својата витка фигура и рамен стомак. На повеќето објави Дуа позира во црн костим за капење, при што во преден план се нејзините стомачни мускули. Покрај тоа, таа покажа и издание во костим за капење со тиграст дезен.

Објавата доаѓа само неколку недели по завршувањето на светската турнеја „Radical Optimism“, а во описот Дуа напиша дека нејзиниот куфер секогаш е подготвен за нови авантури.


Фотографиите предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, а дел од коментарите гласеа: „Нашите Тарзан и Џејн“, „Ги обожаваме твоите бикини“, „Те сакаме“, „Изгледаш неверојатно“.

За потсетување, Дуа Липа претходно откри дека својата физичка форма ја одржува со реформер пилатес, кој ѝ помага да се подготви за долгите часови што ги поминува на сцената.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk