Јилдиз поставил два услови за да го продолжи договорот со Јувентус

Дерби

24/12/2025

14:19

243

Големина на фонт

а а а

Кенан Јилдиз од сезона во сезона напредува и станува се позначаен играч за италијанскиот великан Јувентус кој во Турчинот гледа на клучен ас во проектот за враќање на старите победнички патеки.

Меѓутоа Јуве ќе мора соодветно да го плати офанзивецот за да остане во Торино, односно ако тоа не се случи Јилдиз набрзо може да си замине без разлика на тоа што има договор до 2029 година.

Според „Газета Дело Спорт“, турскиот репрезентативец има два услови за да потпише нов договор со „бјанконерите“ и со тоа да ги заборави останатите заинтереснирани клубови за неговите услуги.

Јилдиз во моментов заработува 1.6 милионии евра и целта е да биде најплатен играч во екипата со плата најмалку од 6 милиони евра колку што зема напаѓачот Џонатан Дејвид. Понудата на Јувентус е помеѓу 4 и 5 милиони евра по сезона, плус бонуси поврзани со лични и тимски цели што јасно покажува дека има разлики меѓу двете страни.

Вториот услов е „старата дама“ да му потврди дека има високи амбиции, цели за во блиска иднина.

Во тековнава сезона има одиграно 22 натпревари со учинок од 6 гола и 6 асистенции.