[ФОТО] Маријана стана „муза“: Беше на насловната страница на „Playboy“, па стана една од најпопуларните одбојкарки

Точка

24/12/2025

15:01

810

Големина на фонт

а а а

Многу девојки кои стекнале слава со соблекување пред камерите подоцна во животот се каат поради тоа, а таков е случајот и со познатата бразилска одбојкарка Маријана Коста.

„CSM București“ на почетокот на минатата година ја ангажираше поранешната репрезентативка на Бразил, Маријана Коста. Сепак, сето тоа ќе беше обична спортска вест доколку пред 12 години нејзината фотографија не се појавеше на насловната страница на „Playboy“.

Тогаш Маријана го доби прекарот „Одбојкарска муза“, а по тој настан Бразилката важеше за една од најатрактивните одбојкарки на планетата..

 

Сепак, таа денес се кае поради тој потег.

„Се каам поради тоа и се трудам да остане во минатото. Не се гледам себеси како муза, туку како спортистка. Затоа и не сакам да зборувам за тоа“, изјави Маријана за романските медиуми.


Нема сомнеж дека фотосесијата што ја направила на 26-годишна возраст влијаела и врз нејзината одбојкарска кариера.

„Во еден момент се откажав од одбојката. Тоа беше период кога морав да анализирам дали навистина сакам и понатаму да се занимавам со неа. На крајот пресеков и се вратив.“


Од 2004 до 2016 година таа настапуваше во Бразил, а за репрезентацијата на својата земја играше од 2015 до 2017 година.

Во Европа настапуваше за „Волеро“, „Монца“ и „Олимпијакос“, пред да стане одбојкарка на тимот од Букурешт.