Јувентус има големи планови, го сака Сандро Тонали

Макфакс

24/12/2025

15:55

167

Големина на фонт

а а а

Сандро Тонали е најголемата желба на Јувентус на пазарот, работата изгледа комплицирана, но во Торино веруваат дека не е невозможна, пишува „Газета дело Спорт“.

Фудбалерот од средниот ред на Њукасл игра одлично во Премиер лигата, но враќањето во Италија сериозно го привлекува, особено ако повторно го носи дресот на голем клуб. Во моментов, Јувентус се појавува како единствена реална опција.

Њукасл не планира лесно да се откаже од италијанскиот репрезентативец, освен ако самиот Тонали не побара да си замине и не пристигне понуда што ги задоволува апетитите на клубот.

Јувентус, од друга страна, нема простор за голем трансфер веднаш, но во Торино имаат решение, позајмица со задолжителен откуп, поврзана со пласман во Лигата на шампионите.

Клучот ќе биде во трансферите што треба да ги реализираат во Торино. За да се ослободи простор во буџетот, Јувентус размислува за продажба на одредени играчи, пред сè на Мирети и Аџиќ, но не е исклучено изненадување во последните денови од преодниот рок.

Тонали добива седум милиони евра годишно плус бонуси, што е над новата граница на плати на клубот, но во Торино веруваат дека желбата на поранешниот член на Милан би можела да биде пресудна за да најдат заеднички јазни двете страни.