Докторката Сана Садоксаи вели дека дури 90 проценти од срцевите удари можат да бидат поврзани со една утринска навика, која не е ниту храна ниту стрес, објавува „Мирор“.
Скриена опасност веднаш по будењето
Д-р Сана Садоксаи, која редовно споделува медицински совети на Тикток, каде што има околу 42.000 следбеници, неодамна објави видео во кое објаснува како нашата утринска рутина може да го зголеми ризикот од срцев удар.
„Вистинската опасност започнува во моментот кога ќе се разбудите и ќе останете неподвижни“, предупреди таа.

„Само пет до седум минути движење наутро – како што се брзо одење, истегнување или вежби за дишење – ја стимулираат циркулацијата, го активираат метаболизмот, го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и го штитат вашето срце повеќе отколку што луѓето мислат. Вашата тежина, метаболизмот и срцето се длабоко поврзани, а игнорирањето на оваа утринска навика е тивка закана. Промената на таа навика може да ви го спаси животот“, нагласила докторката.

„Повеќето луѓе веднаш го земаат мобилниот телефон, потоа брзаат надвор, држејќи го телото во состојба на ниска подвижност и високи воспалителни процеси. Оваа навика тајно ја забрзува инсулинсата резистенција, акумулацијата на маснотии на стомакот, високиот крвен притисок, тивките воспаленија и метаболичката дисфункција, што драматично го зголемува ризикот од рани срцеви удари, особено ако сте со прекумерна тежина“, објаснува таа.
„Ако се борите со дебелина, тврдокорни масти на стомакот, отежнато дишење, дијабетес или замор, ова се рани метаболички предупредувачки знаци што не треба да ги игнорирате. Преземете контрола пред да стане ризик за срцето“, советуваше таа.








