Повреда предизвика прво откажување: Лазаров направи непланирана промена во тимот за ЕП

Дерби

25/12/2025

12:52

196

Големина на фонт

а а а

Македонската ракометна репрезентација за утре го има испланирано патувањето во Пореч каде ќе ги продолжи подготовките за Европското првенство, но пред да дојде до тоа, Кирил Лазаров мораше да направи една принудна промена во тимот кој го одреди за континенталниот собир.

Поради повреда на Валентин Карасманакис, македонскиот селектор мора да менува во одбраната, па реши експресно да се потпре на играч чии квалитети се познати.

Карасманакис кој требаше да игра на позицијата пикер ќе го пропушти Европското првенство поради скршеница на прстот, а неговото место во ростерот од 21 играч го пополнува Никола Маркоски.

Ова е прво откажување во македонскиот тим во подготовките за континенталниот собир, па останува да се надеваме дека ќе биде и последно поради повреда.

Македонската експедиција утре ќе се упати кон пореч, во недела е планиран тест натпревар против Хрватска, а пред Европското предвидени се и дуели со Бахреин, Украина и Швајцарија.