Легендарен шпански голман: Ако Реал му ја исполни желбата на Вини, тоа ќе биде плаќање за стара слава!

Дерби

25/12/2025

13:22

234

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор го бранува опкружувањето во Реал Мадрид поради неизвесноста околу неговиот нов договор, од едноставна причина што претставниците на бразилскиот фудбалер сакаат да го стават Вини на исто скалило со најплатениот играч во тимот, Килијан Мбапе.

Како што пренесуваат дел од шпанските медиуми, Винисиус бара 30 милиони евра годишна плата за да потпише нов долгорочен договор со „кралевите“, но во овој момент, се чини дека Флорентино Перез и неговите соработници не се подготвени за исполнување на таа желба.

Иако клубот сака да ја продолжи соработката со Бразилецот, не планира да го направи тоа по секоја цена, а зад овој став се држи и поранешниот член на „кралскиот клуб“, Сантијаго Кањизарес.

Славниот шпански голман оствари големи успеси како член на Реал, Валенсија и „црвената фурија“, а според него, Винисиус во овој момент бара нешто што не го заслужува.

– Сумата која се споменува не кореспондира со она што Винисиус го нуди на теренот веќе некое време. Едно е што се дискутира, а друго е она што ќе биде понудено на маса. Сепак, мора да се признае дека актуелниот договор на Винисиус не е изедначен со оној на другите ѕвезди на Реал.

– Договорот на Винисиус трае до 2027-ма година и агентите веќе прават притисок, а ако на крајот клубот попушти и ги исполни барањата, тоа ќе значи плаќање за стара слава. Винисиус беше извонреден за Реал и за малку ќе ја освоеше „Златната топка“, но веќе некое време не е на тоа ниво, – потенцира Кањизарес.