„Audi“ објави бајковито празнично видео: Без помош од вештачката интелигенција

Супермен

25/12/2025

15:32

314

Големина на фонт

а а а

„Audi“ оваа година ја слави празничната сезона со специјално видео инспирирано од ирвасот Рудолф. Видеото, кое „Audi“ го сподели на социјалните мрежи и на Јутјуб, прикажува бројни минијатури во акција, реализирани преку stop-motion секвенци.

Креативниот тим на „Audi“ очигледно не страда од недостаток на имагинација, па овојпат објави хумористично видео кое потсетува на Рудолф, ирвасот со црвен нос што ги влече санките на Дедо Мраз. Секвенците се креирани со користење stop-motion анимација, слично на телевизискиот филм „Rudolph, the Red-Nosed Reindeer“ од 1964 година, кој се емитуваше на „NBC“ во Соединетите Американски Држави.

Снимките прикажуваат бројни олдтајмер „Audi“ модели, тркачки автомобили и актуелни возила кои изведуваат дрифтови, скокови и други акробации низ патеки и села направени од медени колачи. Видеото ја опфаќа целата историја на брендот во само минута и пол, пред да кулминира со спектакуларен кадар со 30 автомобили украсени со огромно лого со четири прстени, кое наликува на божиќен венец.


За разлика од другите брендови на кои им недостига уверливост поради интензивната употреба на вештачка интелигенција, „Audi“ целосно се откажа од оваа технологија за својот stop-motion видео проект. Во согласност со барањата на оваа техника, минијатурните автомобили се користат во внимателно изработени, скалирани сценографии, со цел да се постигне уникатен и автентичен резултат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk