Златан Ибрахимовиќ овие денови ужива на одмор во Дубаи, каде што друштво му прават Хабиб Нурмагомедов и Пол Погба.
Неодамна Хабиб објави видео на кое тој и Златан се одмеруваат во буткање на рака, а денес Ибрахимовиќ објави фотографија од тоа дружење која предизвика бројни коментари.
Ибрахимовиќ ја објави фотографијата во моментот кога тој и Нурмагомедов се буткаат на рака, додека во позадина на масата ги набљудува Погба.
„The Good, the Bad, and the Ugly“, напиша Златан во описот на фотографијата, што е наслов на култниот филм на Серџо Леоне од 1966 година, кој на нашите простори е преведен како „Добриот, лошиот и грдиот“.
Со оглед на тоа што на англиски јазик е употребен зборот „ugly“ („грд“), веднаш по објавувањето на фотографијата реагираше Нурмагомедов.
Еден од најдобрите ММА борци во историјата се јави под објавата на Златан и во коментари напиша: „Нема шанси јас да сум грдиот“.








