Инцидент во НБА: Се степаа центарот на Феникс и плејмејкерот на Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Дерби

28/12/2025

16:11

353

Големина на фонт

а а а

Феникс Санс излезе како победник и од втората пресметката со Њу Орлеанс Пеликанс (две победи во два натпревари во два дена), но резултатот падна во втор план, а причината за тоа е инцидентот што се случи во третата четвртина.

Дојде до конфликт меѓу домашниот плејмејкер, пргавиот Хосе Алаварадо и центарот на „сонцата“, Марк Вилијамс. Дојде до размена на удари, боксови по што двајцата играчи беа исклучени, но останува да се види дали ќе има и дополнителна санкција од НБА лигата.

Инаку Алварадо е висок 183 сантиметри, ама без разлика на тоа одлучи да му се спротистави на Вилијамс кој е над 30 сантиметри повисок од него (216 ).