Со помош на вештачката интелигенција: Научниците откриле два нови поттипови на мултипла склероза

Точка

30/12/2025

16:38

309

Големина на фонт

а а а

Научниците со помош на вештачка интелигенција (AI) идентификувале два нови биолошки поттипа на мултипла склероза, што би можело да го отвори патот кон персонализирани третмани и подобри исходи за пациентите, објавено е во списанието „Brain“.

Истражувањето опфатило 600 пациенти и комбинирало крвен тест за протеин познат како серумски лесен ланец на неурофиламент (sNfL) и МРИ скенирање на мозокот, а податоците ги анализирал алгоритамот за машинско учење „SuStaIn“, пренесе „Guardian“.

Откриени се два поттипови: ран „sNfL“, кај кој се јавува високо ниво на протеинот во раната фаза на болеста и брзо појавување на мозочни лезии, и доцен „sNfL“, кај кој оштетувањата на мозокот се појавуваат побавно и пред да се зголеми нивото на протеинот.


Истражувачите оценуваат дека ова откритие би можело да им овозможи на лекарите попрецизно следење на пациентите и порано воведување на целна терапија. Главниот автор на студијата, Арман Ешаги, рекол дека поттиповите засновани на биологијата на болеста даваат подобар увид од клиничките класификации засновани на симптоми.

Експертите од Друштвото за мултипла склероза го оцениле откритието како „возбудливо“ и истакнале дека тоа би можело да го унапреди развојот на нови, персонализирани третмани за пациентите ширум светот.