Адам Сендлер емотивен на доделувањето на наградите: „Да не успеев и понатаму ќе бев со сопругата, тоа е судбина“

Точка

05/01/2026

09:28

844

Големина на фонт

а а а

Адам Сендлер зборуваше за својата сопруга на доделувањето на наградите на Филмскиот фестивал во Палм Спрингс и порача дека е убеден дека, дури и да не станел холивудска ѕвезда, денес повторно би бил во брак со Џеки.

Тој ја прими Претседателската награда за својата работа на филмот „Jay Kelly“, во кој глуми заедно со Џорџ Клуни. Во својот говор се осврна на тоа каков би му бил животот доколку ја прифатил понудата на татко му да работи како електроинженер, наместо да се посвети на актерството.


„Понекогаш размислувам за тоа што ќе се случеше ако тие години не успеев и ако отидев да работам кај татко ми, каков ќе ми беше животот денес. Мислам дека веројатно и понатаму ќе бев оженет со сопругата Џеки. Тоа е судбина, ништо не може да нè запре“, изјави тој.

Сендлер додаде дека, во тој случај, сепак би имал поинаква куќа.

„Веројатно ќе имавме 10 бањи помалку и помалку мои статуетки“, наведе тој.

Адам и Џеки се венчаа во 2003 година и имаат две ќерки, Сејди и Сани. Во филмот „Jay Kelly“, кој е режиран од Ноа Баумбах, Сендлер го толкува ликот на Рон Сукеницки, менаџер на холивудска ѕвезда. Оваа улога му донесе признанија на доделувањето на наградите „Critics Choice“, како и на Златните глобуси.