Новиот AI геџет „Launbot“ истовремено ја суши и ја исправа облеката, и тоа „без употреба на раце“.
Компактен уред со големина на кутија за ужина, користи топлина и проток на воздух за на гардеробата да ѝ даде испеглан изглед, пишува Форбс Србија.
Има два „перничиња“ што се надувуваат и грејач кој нежно ја загрева облеката однатре, ги отстранува наборите и ја суши за само неколку минути. Тоа им штеди време на корисниците, а пеглањето станува минато.

Поради своите димензии (145 × 170 mm) погоден е за патувања и може да се закачи каде било.
Како функционира уредот
„Launbot“ користи топлина и воздушен притисок за да исуши каква било облека — од фустани, преку панталони и кошули, до долна облека. Безбеден е за сите видови ткаенини и има грејач што е под контрола на вештачка интелигенција.
Интересно е и тоа што отстранува грини и микроорганизми и ѝ дава на облеката посебен, освежувачки мирис.
Доаѓа со две перничиња што се надувуваат: едно за кошули и блузи и друго за панталони. Тие перничиња потоа се прицврстуваат на долниот дел од „Launbot“, а во нив се става влажната облека. Воздушното перниче потоа ја загрева облеката однатре, истовремено сушејќи и исправувајќи ги стутканите делови.

Времето на сушење зависи од видот на облеката и од материјалот од кој е изработена.
Производителите наведуваат дека за маица, во просек, се потребни околу 30 минути за да се исуши и исправи, а за долна облека само една минута.
Покрај тоа, може да се користи и без перење, бидејќи ја освежува и старата облека од плакарот.
Спецификации
Тежината на уредот е 265 грама, а со оглед на големината, лесно може да се спакува во торба.
За струење на воздух се користат два минијатурни вентилатори.
Изработен е од најнови материјали што издржуваат интензивен проток и притисок на воздух. Функционира така што уредот вовлекува надворешен воздух, го загрева, а потоа тој воздух со голема брзина циркулира низ облеката.

Грејачот може да достигне температура и до 80°C, но троши помалку енергија и ја загрева облеката рамномерно. Сензорот го приспособува загревањето, што овозможува облеката да не се оштети. Уредот поддржува различни видови ткаенини: волна, памук, тексас, кожа, пердуви и свила.
Уредот може да суши повеќе парчиња облека истовремено.
Моментално сè уште е во фаза на производство и финално тестирање на квалитетот, а сè уште не е познато кога ќе биде пласиран на пазарот.












