Тешко повредениот фудбалер Дос Сантос всушност е херој: Се вратил во пламенот поради девојка му

Точка

05/01/2026

19:25

1.931

Големина на фонт

а а а

Вистината за младиот фудбалер на францускиот клуб Мец, Тахирис Дос Сантос, излезе на виделина: тој е тешко повреден во пожарот во Кран-Монтана откако ја спасувал девојка му од огнот.

Најмалку 40 лица загинаа во пожарот во барот „Le Constellation“ во ски-центарот Кран-Монтана, што е една од најголемите трагедии што ја погодиле Швајцарија во последните години.

Покрај 40-те загинати, повредени се 115 лица, а меѓу нив е и францускиот фудбалер Тахирис Дос Сантос (19), кој со пријателите одморал во Кран-Монтана и ја дочекувал Новата година.

Дос Сантос со пријателите и девојката се наоѓал во преполниот бар кога пламенот го зафатил нискиот дрвен таван, што предизвикало брз пламен и довело до запалување на речиси сè што било запаливо во просторијата, објасниле пожарникарите.


Менаџерот на овој 19-годишен фудбалер објаснил што се случило. Дос Сантос успеал да се спаси, но потоа се вратил бидејќи неговата девојка не успеала да излезе.

„Тахирис беше на првиот кат од барот кога избувнал пожарот. Успеал да излезе без никакви проблеми, а потоа сфатил дека неговата девојка сè уште е внатре и се вратил. Се врати во пламенот и ја спасил“, изјавил менаџерот.


Дос Сантос при спасувањето на девојката се здобил со тешки изгореници и моментално се лекува во Германија, соопштија од францускиот прволигаш Мец.