Португалскиот репрезентативец, Жоао Кансело, го напушти Ал Хилал. До крајот на сезоната како позајмен играч ќе го носи дресот на Барселона. Ова значи дека Португалецот се врати на „Ноу Камп“, каде што ја мина сезоната 2023/24, тогаш како позајмен фудбалер од Манчестер сити.
Барселона, успеа да ја добие битката со Интер за потписот на Кансело. Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, повторно успеа да ги заобиколи прописите од финансискиот ферплеј, ќе го плаќа Кансело од платата на повредениот Андреас Кристенсен.
„Мундо Депортиво“, „Спорт“ и други каталонски и шпански медиуми наведуваат дека Барселона пронашла начин да најде средства во рамките на своите скромни можности под строг надзор на Ла Лига, УЕФА и ФИФА, што би ја оправдало инвестицијата во Кансело во однос на одржливиот бизнис.
Со оглед на тоа што Кристенсен е сериозно повреден и најверојатно нема да игра до крајот на сезоната, Лапорта дошол до идеја буквално да „скине“ 80 проценти од неговиот загарантиран приход за сезоната 2025/26 и да го пренасочи кон договор со Ал Хилал во врска со позајмицата на Кансело, а потоа во иднина да смисли како да му го плати на Данецот она што тој треба да го заработи.
Можеби звучи наивно, но ова е невидена ситуација во професионалниот фудбал, барем во делот што го нарекуваме „петте најдобри лиги“.
Португалецот играше во Саудиска Арабија за годишна плата од околу 15,3 милиони евра, но Барселона ќе му плати само една третина од таа сума. Иако изгледа изводливо, со оглед на тоа што должи над една и пол милијарда евра, Барса не би можела да го оправда овој трошок во текот на натпреварувачката сезона.
Кансело ќе биде позајмен до крајот на сезоната, Барселона ќе плаќа околу една третина од неговите приходи во Ал Хилал (каков е интересот на Саудијците, тоа е посебна приказна), а Кристенсен очигледно ќе го добие својот дел подоцна кога ќе се отвори простор во најотворениот буџет во европскиот фудбал.












