[ВИДЕО] Почина Јованка Јолиќ, виралната Србинка позната по бизарните теории на заговор: Ве потсетуваме на нејзините најлегендарни изјави

Точка

07/01/2026

16:04

3.998

Големина на фонт

а а а

Почина Јованка Јолиќ, контроверзна личност од социјалните мрежи позната по своите теории на заговор.

Како што пишуваат српските медиуми, Јолиќ долго време била болна. Погребот ќе се одржи на 10 јануари во Белград.

„Експертка за конспирологија“

Јолиќ, која се претставуваше како „стручњачка за конспирологија“, стана исклучително популарна на социјалните мрежи, не само во Србија, туку и во целиот регион. Својата „слава“ ја стекна промовирајќи различни теории на заговор, особено оние за таканаречената „длабока држава“ и глобалните центри на моќ кои, според нејзиното толкување, негативно влијаат врз светските политички и општествени случувања.


Меѓу нејзините најпознати бизарни тврдења се оние дека Илон Маск потекнува од Република Српска и дека Египет некогаш бил српска држава.


Критики и медиумски настапи

Своите ставови најчесто ги изнесуваше на алтернативни медиумски платформи, каде што имаше простор за тврдења без поголеми уреднички ограничувања. Нејзините јавни настапи често предизвикуваа силни реакции и критики, а нејзините изјави ги проверуваа и организации што се занимаваат со разобличување на дезинформации.

Иако се претставуваше како историчарка на уметност, во јавно достапните извори нема потврда за нејзиното формално образование или професионална работа во таа област. Со тек на време стана ѕвезда на бројни мемиња.