Семејството на славната манекенка „загрижено“ бидејќи се омажила за маж кој не е богат

Точка

10/01/2026

16:02

1.848

Големина на фонт

а а а

Манекенката Жизел Бундшен се омажила за инструкторот по џиу-џицу Жоаким Валенте на тивка церемонија во ноември во САД, неколку месеци откако заедно го добиле синот.

Меѓутоа семејството на манекенката изразило загриженост поради нејзиниот избор на сопруг.

Според изворот, семејството на Бундшен било загрижено поради нејзината одлука да се омажи за Валенте, сметајќи дека брак со маж кој нема големо богатство е ризичен за некој чиј имот се проценува на 400 милиони долари.


„Семејството ѝ советуваше да не се омажи за маж без имот кога таа е милијардерка“, изјавил изворот.

Иако Жоаким Валенте поседува сопствена школа за боречки вештини во Мајами и работи со познати клиенти, Жизел е во сосема друга „тежинска категорија“ по статус и слава.

Како што пишуваат странските медиуми, парот има предбрачен договор, но постојат одредби кои му овозможуваат на Валенте финансиска надомест во случај на развод, што целосно не го задоволило семејството на манекенката.


Бундшен, која претходно била во брак со американскиот фудбалер Том Брејди, има две деца, Бенџамин (16) и Вивиан (13). Во кариерата потпишувала договори со „Victoria’s Secret“, „Chanel“, „Apple“, „Under Armour“ и други светски брендови, а исто така имала и удели во линии на долна облека и сандали.


Бундшен е блиска со своето семејство, вклучувајќи го татко ѝ Владир и петте сестри, а особено ја истакнува силната врска со сестрите.


За жал нејзината мајка Вања починала во јануари 2024 година, по долга борба со ракот.