[ФОТО] „Ледот се топи под тебе“: Една од најубавите жени на светот се соблече во бикини и излезе на снег – фотографиите не се за оние со слабо срце

Супермен

12/01/2026

15:59

1.154

Големина на фонт

а а а

Една од најубавите жени на светот, манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли (38), повторно ја покажа својата неверојатна фигура позирајќи во минијатурно бикини на снег.

Поранешниот ангел на Викторија Сикрет за снегот не одбрала класичен зимски аутфит, туку бело бикини за да ги покаже стомачните мускули и витките нозе, а го усогласила со кратка бунда, чевли со крзно и соодветна капа. „Душо, надвор е ладно“, напиша Роузи покрај фотографиите.


„Ледот се топи под тебе“, „Џејсон е вистински среќник“, „3аљубен сум во неа“, се дел од коментарите под објавата.

38-годишната манекенка ги објави овие фотографии како дел од кампањата за популарната марка „Alo“, а претходниот ден позираше во нивниот спортски градник и долен дел тренерка.


Роузи веќе подолго време успешно ги усогласува деловните обврски со семејните. Од 2009 година е во врска со актерот Џејсон Стејтам, а заедно имаат две деца – осумгодишниот син Џек и тригодишната ќерка Изабела. Верени се од 2016 година, но сè уште не планираат брак. Минатиот месец споделија ретки фотографии со децата на Инстаграм додека уживаа во хотел во Котсволдс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk