Пејачот Ни-Јо, иако е добитник на Греми, во последно време не е толку популарен поради својата музика, колку што е поради бизарниот љубовен живот кој не го крие од јавноста. Контроверзниот пејач прво бил во врска со четири жени, а сега му останале „само“ три.
Неодамна тој гостувал во емисијата „Sherri“ и со водителката Шери Шепард зборувал за својот однос со жените и како сè функционира во неговите врски.
„Ќе бидам краток. По мојот јавен и грозен развод решив дека повеќе никогаш нема да лажам жена во животот“, започнал Ни-Јо.
Пред само три години се разведе од сопругата Кристал, и тоа откако таа го обвинила дека добил дете со друга жена. Со поранешната сопруга има три деца и уште четири од „споредни“ врски.
„Признавам дека сум виновен за пропаста на тој брак, ја преземам вината на себе. Одлучив дека никогаш повеќе не сакам да бидам причина некој да се чувствува лошо поради мене“, рекол пејачот.

Сега кога има три девојки, со една од нив прво разговарал затоа што со неа бил најдолго во врска и ѝ предложил полиаморија.
„Ѝ пријдов и ѝ реков дека сум луд по неа, ја сакам, но морам да бидам искрен. Не е само таа тука, би сакал да ја запознаам со другите жени и ако најдеме начин сето тоа да функционира – супер. Ако не, и тоа е во ред. Главното е дека јас не сум во три врски, јас сум во една врска со три личности“, рекол Ни-Јо, чии партнерки ги прифатиле сите услови.

Ни-Јо има детално испланирано време за секоја девојка, но тие имаат и период кога се сами. Кога станува збор за подароци, тоа му е малку комплицирано затоа што не купува исто за секоја, а и имаат различен вкус.
Водителката се пошегувала дека тоа сигурно е малку повеќе работа, а Ни-Јо одговорил на свој начин: „Никогаш не сум се плашел од тежок труд. Никогаш, никогаш“.