[ФОТО] Славниот актер фотографиран со 34 години помладата девојка: Поради разликата во висина станале тема на социјалните мрежи

Супермен

16/01/2026

10:31

569

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Шон Пен (65) бил фотографиран со 34 години помладата девојка Валерија Ников.

Двајцата биле на шопинг во Санта Моника, а социјалните мрежи се „преплавени“ со коментари во врска со нивната разлика во висина.

„Сакам маж кој не е искомплексиран“, „Мора да е многу низок“, „Чуден пар“, „Изгледа како да му е ќерка“, беа само дел од реакциите на Икс.

Инаку Пен е висок 1,73 метри, а настојува да ја држи приватноста подалеку од очите на јавноста, па во интервјуата не ја споменува врската со Валерија.

Гласините за нивната врска започнале во септември 2024 година, кога биле забележани во Мадрид.

Во ноември ја потврдиле врската појавувајќи се заедно на црвениот килим на 21-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш на кој Пен бил награден за кариерни достигнувања.


Актерот зад себе има три брака. Од 1985 до 1988 година бил во брак со Мадона, потоа од 1996 до 2010 година со Робин Рајт, а од 2020 до 2022 година бил во брак со австралиската актерка Лејла Џорџ.

Американските медиуми го поврзувале со Шарлиз Терон, Скарлет Јохансон и актерката Олга Коротаева.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk