На фотографијата е прикажана Софи Тарнер како Лара Крофт. Таа носи очила за сонце со црвеникави леќи, а косата ѝ е врзана. Исто така, носи зелена маица без ракави и тесни шорцеви до средината на бутовите. Едната рака во ракавици ја држи на пиштол во футрола на бутот, објави Би-Би-Си.
Таа беше најавена како ѕвезда на ТВ серијата „Томб Рајдер“ на „Prime Video“ во септември, а стриминг услугата соопшти дека серијата сега започнала со продукција.
Објавена е фотографија инспириранa од изгледот на ликот во класичните игри „Лара Крофт“ на оригиналниот „PlayStation“.
Софи претходно изјави дека улогата, која ја играа Анџелина Џоли и добитничката на Оскар, Алиша Викандер, ѝ дала огромна одговорност која треба да ја оправда.
Софи, која пораснала во Ворикшир, се здоби со слава како Санса Старк во епската фантастична серија на „HBO“ „Игра на тронови“, пред да ја игра Џин Греј во филмовите „X-Men“.
Во серијата „Томб Рајдер“ ќе се појават и актерката од „Вонземјанин“, Сигурни Вивер, ѕвездата од „Бел Лотус“, Џејсон Исак и Селија Имри од „Предавниците на славните“.
Авторката на „Fleabag“, Фиби Волер-Бриџ, стои зад сценариото за серијата.

Серијата е базирана на популарната серија видеоигри, првично објавени во 1996 година, развиени од британската компанија „Core Design“.
Во време кога женските ликови во игрите беа ретки, Лара стана сензација, појавувајќи се на насловните страници на списанијата и станувајќи икона за гејмерите ширум светот.
Серијата подоцна беше рестартирана во 2013 година, кога на Лара ѝ беше даден поприземен изглед и поголем акцент беше ставен на нејзината карактеризација.









