Ја нарекуваа „Москва на Медитеранот“: Оваа земја беше голем сојузник на Русите, но сега приказната е поразлична од повеќе причини

Точка

16/01/2026

16:00

657

Големина на фонт

а а а

Русите се особено бројни во Лимасол, туристички град на јужното крајбрежје на островот којшто го добил неформалното име „Москва на Медитеранот“.

Кипар, поделената островска земја во која рускиот капитал со години имал голема улога, наголемо се дистанцирал од Русија откако започна војната во Украина.

„До 2023 година скоро 43.000 фиктивни руски фирми се затворени, како и близу 130.000 банкарски сметки на граѓаните. Меѓу 2015 и 2024 година рускиот депозит се намалил од 87 на 1,5 отсто од вкупниот банкарски депозит“, изјавил кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос.


Русите до 2022 година по Британците биле најбројните туристи на Кипар, околу 20 отсто од сите туристи. Денес бројот на руски туристи се намалил за околу 90 проценти.

Кипар од 90-тите години на минатиот век бил привлечна дестинација за богатите Руси и олигарси, а денес во таа земја со помалку од милион жители живеат околу 120 до 140 илјади Руси кои имаат училишта на руски јазик, медиуми и културни институции. Русите особено се бројни во Лимасол, туристички град на јужното крајбрежје од островот којшто добил неформално име „Москва на Медитеранот“.

Тешка криза

Кипар во 2013 година поминал низ тешка финансиска и економска криза, доаѓајќи на работ од банкротот поради што бил принуден да бара помош од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд.

Тогаш за добивање на меѓународна финансиска помош морал да спроведе контроверзна мерка со принудно одземање на големите банкарски депозити што тешко ги погодило руските државјани и фирми. Кипар потоа почнал на богатите Руси да им нуди државјанство за да го задржи нивниот капитал во земјата.

Новите проблеми дошле по избивањето на војната во Украина во февруари 2022 година кога Кипар морал да се приспособи на санкциите на ЕУ против Русија, што довело до прекин на долгогодишната финансиска врска.

Денес кипарската влада ја поддржува Украина и цврсто се придржува до санкциите на ЕУ против Москва.


„Ние по нашето искуство сме слични на Украина, жртви сме на агресијата на моќните соседи и Украина ќе биде приоритет на нашето претседавање“, изјавил Комбос.

Кипар бил поделен во 1974 година кога руската војска ја зазела северната третина од островот како одговор на државниот удар на кипарските Грци кои сакале островот да го додадат на Грција. На северот прогласена е Турска Република Северен Кипар која никој освен Турците не ја признава. Меѓународната заедница го признава целиот остров како Република Кипар. Никозија е единствениот поделен главен град на светот.

Кипар има две цели

Непосредно пред придружувањето во Европската унија на 1 мај 2004 година, во април истата година бил одржан референдум за планот на ОН за обединување на островот на федерална основа.

Планот бил отфрлен за што наголемо придонело ветувањето на ЕУ дека Кипар ќе стане членка без оглед на исходот од референдумот.

Тогашниот комесар за проширување, Гентер Верхеуген, ја обвинил владата на кипарските Грци дека ја излажала Европската унија преправајќи се дека го прифаќаат планот, а истовремено ги повикала граѓаните да гласаат против.


Голем дел од кипарските Грци, 78 отсто гласале против, додека пак 60 отсто од кипарските Турци биле „за“. Денес грчката страна се зазема за федерално уредување, додека пак Турците го отфрлаат тоа и бараат создавање на две независни држави.

Поделбата на Кипар денес создава проблеми во исполнување на две надворешно политички цели – приклучување кон шенгенскиот простор и НАТО.

Инаку, кипарскиот претседател Никос Христодулидис очекува приклучување кон Шенген во првата половина од годинава за време на претседавањето.