[ВИДЕО] Џенифер Лопез му дала пари на бездомник, снимката предизвика реакции: „Се обидува да се извлече“

Точка

22/01/2026

22:00

562

Големина на фонт

а а а

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез е снимена како му дава пари на бездомник во Лос Анџелес, а овој нејзин потег го привлече вниманието на бројни корисници на социјалните мрежи.

Имено, папараците ја „уловиле“ по еден деловен состанок, кога тој ѝ пришол молејќи за пари. Таа поминала покрај него и влегла во автомобилот.

„Ќе им кажам на сите дека те видов“, рекол тој и пришол до автомобилот, а таа го спуштила прозорецот и му дала пари.

„Џенифер, те сакам. Фала ти, Џенифер“, рекол тој и ѝ испратил бакнежи. Но, многу корисници на социјалните мрежи сметаат дека тоа не го направила од срце, туку дека сака да си го подобри угледот по Златните глобуси.

„Се обидува да се извлече“, „Нејзиниот ПР тим напорно работи“, „Ја прочитала веста за снимателот на ‘Glambot’ и одлучила дека мора нешто да направи“, „Бездомникот е всушност платен актер“, „Жално“, се дел од коментарите на X.

Имено, неодамна беше објавено видео на кое изгледа дека го игнорира снимателот Кол Вализер, кој на доделувањето на Златните глобуси бил задолжен за камерата „Glambot“.


Иако тој ѝ објаснувал како да позира и ѝ упатувал комплименти, таа не му одговарала, туку по снимањето продолжила понатаму.