Синоќа во Лондон се одржа премиерата на филмот „Crime 101“, а ѕвезда на вечерта била холивудската актерка Хали Бери.
Таа годинава ќе наполни 60 години, а со синоќешното појавување покажала дека старее како вино.
Хали Бери во моќна комбинација ја истакнала својата беспрекорна фигура, на која многумина би ѝ позавиделе.

Горниот дел од стајлингот го сочинувало тесно црно боди со долги ракави од „Ilkyaz Ozel“, со длабоко V-деколте кое се спуштало до под градите. Беше атрактивно, но не и вулгарно.

Актерката го „зачинила“ горниот дел од комбинацијата со дол ѓердан со приврзок во форма на цвет.
Долниот дел од модното издание го сочинувало сребрено макси-здолниште, целосно украсено со драгоцени камења, што внело разиграност во целата комбинација.
Актерката ја надополнила модната комбинација со црни потпетици со платформа и масивни прстени.
Актерката претходно истакнала дека „стареењето е привилегија“, а со своето појавување гледаме како ѝ пркоси на природата.
„Се чувствувам добро во својата кожа, се грижев за неа. Секоја брчка што ја имаме е дел од нашата убавина додека старееме“, истакнала холивудската ѕвезда.