Најскапото сирење на светот се произведува во Србија! Се распродава веднаш штом се направи, има тајна состојка, а килограм чини цело мало богатство

Супермен

28/01/2026

22:43

432

Големина на фонт

а а а

Потрагата по најскапото сирење во светот нема да ве однесе во Франција, ниту во Швајцарија, ниту никаде каде што би очекувале, туку, всушност во соседната Србија.

Имено, еден резерват во Србија прави посебен вид сирење, кое се нарекува пула и се продава за околу 1.300 евра по килограм, објави „Путни кофер“.

Ако не го сметаме сирењето кое се продава на аукција...

Па, за што станува збор? На почеток, некои би можеле да кажат дека сирењето пула не е најскапото сирење во светот. Ако гледаме сирења кои се продаваат на аукции, а од кои некои достигнуваат цени и над 36 илјади евра, тогаш навистина не е. Но, во овој текст не се занимаваме со такви сирења. Станува збор за сирења кои се во „стандардна продажба“.


25 литра млеко за килограм сирење

Друго важно прашање на кое треба да се одговори е, секако, она за причината на неговата скапотија. Сирењето пула се прави од магарешко млеко, а за да се направи еден килограм сир, потребни се дури 25 литри од овој еликсир на здравјето.


Но, самиот процес на добивање магарешко млеко е напорен. Молзењето се врши исклучиво рачно, без никакви машини. Исто така, се молзи неколку пати на ден, а секој пат се добиваат мали количини млеко. За сложеноста на процесот доволно говори и фактот дека 25 литри млеко од едно животно може да се добијат дури во период од две години.


Меко, растресито и орaшести ароми

Сирењето пула е познато по својата растресита текстура и мекост. Има благо сладок, малку вкус на орев, а се произведува во Специјалниот природен резерват Засавица, кој се наоѓа еден час возење од Белград. Во резерватот денес живеат околу 300 магарици, кои годишно произведуваат приближно 100 килограми сирење. Покрај сирењето, таму се произведува и цела низа други производи од магарешко млеко, како хранливи креми за нега на кожата. Посебно внимание привлекува и необичниот ликер од магарешко млеко, единствен производ кој ретко каде може да се најде.


1000 билни и животински врсти

Засавица се протега на подрачјето на Војводина и северна Мачва на површина од 3.500 хектари. На нејзина територија живеат околу 1000 животински и растителни видови, меѓу кои и автохтони животни. Во резерватот се опишуваат себеси како една од последните оази на дивината во Србија.


„Со богата флора и фауна, зачувани мочурливи живеалишта и ретки видови како европската видра и мангулица, Засавица нуди единствено доживување на природното богатство. Без разлика дали сте љубител на пешачење, возење со брод по прекрасните водни патеки или набљудување птици, Засавица нуди идеално место за бегство од градската гужва. Со автентични гастрономски специјалитети како магарешкото млеко и традиционални сувомеснати производи, вашата посета ќе биде збогатена со незаборавни вкусови и мириси на природата“, порачуваат.


Во сирењето има и тајна состојка

За да смислат рецепт за сирење, им биле потребни години. Во него додаваат тајна состојка кој не ја откриваат. „Во суштина, процесот на производство на сирењето пул е до одредена мера сличен на оној кај другите сирења.


Сепак, во овој случај се додава нешто што не можеме да ви откриеме, а сè тоа е со цел сирењето да има добра текстура, што воопшто не е едноставно. Потоа се става во калапи од 50 грама и така се остава еден месец“, објасниле за „Agroklub.ba“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk