Нафтата повеќе не е доволна: Саудиската влада „тропа на врата“ на најмоќните семејства во државата

Супермен

29/01/2026

18:29

1.120

Големина на фонт

а а а

Кралството Саудиска Арабија ја проширува својата потрага по капитал, насочувајќи се кон некои од најголемите семејства во земјата за да го ублажи притисокот на јавните финансии и да го финансира амбициозниот план на економското преобразување на принцот Мохамед бин Салман.

Според пишувањето на „Bloomberg“ којшто се повикува на извори упатени во ситуацијата, Јавниот инвестициски фонд (PIF), вреден билион долари, минатиот месец на Црвеното море состанал претставници од десет истакнати семејства. Целта на средбата била проценка на нивната подготвеност да учествуваат во идните инвестициски прилики и проекти на државата.


Години прекумерна потрошувачка и намалување на приходите од нафта, со сѐ построгите услови за кредитирање, ја довеле во прашање способноста на Саудиска Арабија самостојно да финансира масивни проекти предвидени со планот Vision 2030 година, чија вредност се проценува на два билиони долари.

Притисокот станал толку очигледен што функционерите неодамна најавиле одложување на Азиските зимски игри во 2029 година,а претходно бил намален буџетот за мега-проекти во пустинскиот град Неом.

Потенцијалот на „семејните канцеларии“

Во потрага по свеж капитал се вклучило и Министерството за инвестиции кое ги интензивирало контактите со т.н. „family office“ структури (приватни компании за управување со богатство на семејствата“ и домашните претприемачи.

„Портфолијата се огромни, богатството е значајно“, изјавил за „Bloomberg“ Аит Ал Мубарак, изврешен директор на Националниот центар за семејни претпријатија.

Тој истканал дека околу 95 отсто од приватните фирми во кралството го прават семјните бизниси кои сега бараат начини да ги диверсификуваат своите инвестиции во секторите како рударството и вештачката интелигенција.

Традиционалните финансиери, банките, со години се главен извор на пари за државни проекти. Сепак, поради намалената ликвидност, банките се повлекуваат, оставајќи простор богатите семејства да ја пополнат празнината преку приватни заеми и партнерства со глобални инвеститори.


Интерес за ваков вид соработка веќе покажаа глобални гиганти како „KKR & Co.“ и „Ares Management“, кои ги забрзуваат своите операции во Кралството, препознавајќи ја ликвидноста што ја поседуваат локалните семејства.

Иако државата е решена да го „активира“ овој капитал, предизвиците сè уште постојат. Сложените регулативи, проблемите околу репатријацијата (враќањето) на средствата и административните пречки продолжуваат да ги загрижуваат потенцијалните инвеститори.

Владата сега се обидува да им помогне на помалите, помалку изложени семејства кои имаат „неактивен“ капитал и кои досега немале директен пристап до големи државни проекти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk