[ВИДЕО] Хит изјава на Ром за време на протестите за „Безбеден град“: „Ние без возачка дозвола возиме повнимателно од тие што положиле“

Точка

04/02/2026

16:30

1.935

Големина на фонт

а а а

Граѓани во повеќе градови во Македонија вчера протестираа поради незадоволството од измените на Законот за сообраќај, односно од новите одредби поврзани со возачките дозволи и одземањето на возилата.

Попладнето околу 300 лица го блокираа патот А-3 кај местото познато како Ромска населба, со што беше целосно прекинат сообраќајот на патниот правец Битола–Ресен во двата правци. Протестот се одвиваше со поставување и палење гуми на коловозот, со што беше оневозможено нормалното одвивање на сообраќајот. Причина за протестот, според учесниците, било одземањето на три возила од страна на полицијата.

Жителите од битолската ромска населба велат дека не можат да обезбедат средства за возачка дозвола и дека, за да преживеат, нивните сопрузи собираат шишиња и старо железо, но полицијата, како што велат, и понатаму им бара возачка дозвола.

Една изјава на учесник во протестите стана вирална на социјалните мрежи и предизвика лавина реакции во јавноста.

„Ние кои возиме без возачка дозвола, возиме многу повнимателно од тие што положиле. Плати 1.000 евра и положен си! Значи не си положил ти, прасето положило“, изјави Ром пред камерите на регионалната телевизија „М Нет“, за време на вчерашниот протест во Штип.

Неговите зборови брзо се проширија на социјалните мрежи, а во јавноста стана хит поради фактот што цврсто си ги брани своите ставови.

„Не е тоа дека имам возачка и ќе возам правилно, пак ќе ми најдат маана. Ќе гледа само да ме „одере“. Не бива вака. Законите се многу лоши во Македонија, европски закони, а не сме Европа. Доволно ги пратам работите“, додава тој.

Барање за изземање од обврската за полагање

Тој и останатите присутни на протестите бараат да бидат изземени од законската обврска за полагање возачки испит. Како причини ги наведуваат неписменоста, немањето финансиски средства за полагање, но и уверувањето дека знаат добро да управуваат со возила.

Социјалниот револт поради одземањето на возилата на лица кои управуваат без возачка дозвола кулминираше на регионалниот пат Битола–Охрид. Демонстрантите таму јавно ги изнесоа своите лични приказни и причини за протест.


„Ние сме од Битола, некои од нас немаме возачки. Денеска ми земаа кола од 700 евра. Имам пет деца, живеам во шупа. Кај да одиме?“, вели еден од демонстрантите, објаснувајќи дека возилото за него не е луксуз, туку единствено средство за преживување.