[ФОТО] 18-каратно злато и бројчаник од малахит: Бед Бани на настапот на Супербоул носеше часовник вреден 75.000 долари

Супермен

09/02/2026

15:07

589

Големина на фонт

а а а

Порториканскиот музичар Бед Бани настапи на полувремето на Супербоул, одржан во Санта Клара, Калифорнија. За време на настапот, Бед Бани го привлече вниманието со часовник од брендот „Audemars Piguet Royal Oak Selfwinding“, чија цена изнесува 75.700 долари.

Часовникот е изработен од 18-каратно жолто злато, со бројчаник од камен малахит, додека стрелките, ознаките за часови и нараквицата исто така се изработени од истиот материјал.

Настапот го започна во крем комбинација, која вклучуваше дрес со неговото вистинско име Бенито Антонио Мартинез Окасио. На задниот дел од дресот се наоѓаа презимето „Ocasio“ и бројот 64, а комбинацијата беше надополнета со кошула, панталони, патики и ракавици.

Аутфитот го креираше „Zara“, шпански моден бренд основан во 1975 година, што дополнително го нагласи културниот контекст на неговиот настап. Бед Бани за оваа пригода го стилизираа Сторм Пабло и Марвин Даглас Линарес.

За време на настапот, музичарот се пресоблекуваше и во еден дел се појави во бело одело со модерен крој, а на сцената користеше и очила за сонце како моден додаток.

Програмата беше инспирирана од неговата резиденција „No Me Quiero Ir de Aquí“, а вклучуваше изведби на песните „Tití me preguntó“, „Yo Perreo Sola“, „Eo eo“ и „El Apagón“, со пократки сегменти од песните на Тега Калдерон, Дон Омар и Деди Јенки.

Во текот на вечерта настапија и гости, меѓу кои беа Лејди Гага, Рики Мартин, Карди Би, Карол Џи, Педро Паскал и Џесика Алба.


На крајот од настапот, музичарот упати пораки за поддршка до Соединетите Американски Држави, Порторико и другите латиноамерикански земји, додека зад него се појави пораката: „Единствената работа помоќна од омразата е љубовта“.

Супербоул 2026 година се одигра меѓу Сиетл Сихокс и Њу Ингланд Патриотс, а победата ја однесе екипата на Сиетл Сихокс, која го освои трофејот „Винс Ломбарди“.

Во продолжение, повеќе фотографии од часовникот кој го носеше Бед Бани:



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk