[ФОТО] „Зедов кредит, бев пред нервен слом, докторот ми рече: Што си направил? Што убаво дете беше“: Перо Камиказа искрено за лошата животна епизода

Точка

13/02/2026

09:00

5.029

Големина на фонт

а а а

Лидерот на легендарната македонска група „Меморија“ – Петар Георгиевски – Камиказа, на социјалната мрежа Фејсбук објави една животна ситуација која навистина му го нарушила здравјето.

Поради кредитот којшто го зел и грижата дали ќе може да го плаќа на Камиказа сериозно му се нарушило здравјето и завршил на лекар.

Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:

„Не дека сум денес како овој вториов ама од денес до јуни, ќе пробам да го повторам овој првиот. Ќе се обидам, не ветувам, ама можеби и подобар ќе бидам. Одбројувањето заврши – СТАРТ!!!

Карактер. Кога ќе намислам правам и не се каам. Без тренер, нутриционист и ФБ животни тренери...

Кредит: На крајот на 2004 година зедов кредит да купам најдобра опрема на Балканот. И купив. И бев најдобар на Балканот. За тоа пишуваа и странски списанија. По две години, веќе не бев најдобар на Балканот. Купија Србите, Хрватите, Бугарите и останав одличен, ама како и сите. Но, кредитот мораше да се враќа. Пресијата што ја трпев секојдневно четири години, за да можам да го менаџирам кредитот, од мене направи ‘монструм’ од 110 кила. Со секој одев на доручек-ручек-вечера и тоа по неколкупати. Знаете како е, клиенти?! Сериозно ми се наруши здравјето. И еден ден, кога се погледнав во огледало, човекот што го гледав не го препознавав. Решив да одам на доктор“, пишува Перо Камиказа, па додава:

Не дека сум денес како овој вториов😃, ама од денес до јуни, ќе пробам да го повторам овој првиот🤩. Ќе се обидам, не...

Posted by Petar Georgievski - Kamikaza on Monday, February 9, 2026

„На самото влегување кај него, следеше: Што си направил? Што убаво дете беше... Ја наведнав главата и ќутев бидејќи беше во право. Следуваа резултати кои беа, благо речено катастрофални. Ми препиша чудо лекови и ми закажа да се видиме за брзо. По излегувањето од вратата цврсто решив дека ќе го вратам стариот Перо!

Проклетиот кредит завршуваше за 3 месеци, бев пред конечен нервен слом. Но, уште толку ќе издржам си реков. Лековите што ми ги даде докторот не ги пиев. Почнав да одам покрај Вардар и се вратив во теретана.


Како што течеа деновите, отровите излегуваа од мене и се ме болеше. Секое ковче и мускулче. Но, едно си повторував во себе: Не е битно колку пати си паднал, туку колку пати ќе станеш. Е, ова станување беше најтешко...

По три месеци кредитот го вратив во целост, но бев и 10 кила послаб, се вртев околу 100. Кога отидов на лекар пак, од врата ме пречека и рече: Е, сега личиш на нешто. По прегледот притисокот и крвната слика беа прилично регуларни. Рече дека треба да се продолжи со терапија и дека сум на прав пат.

Ја извадив ќесата со сите купени лекови пред 3 месеци. Немав испиено ни една таблета. Му се заблагодарив за вистината што ми ја плесна во лице и за инаетот кој го разбуди во мене. Правев се (гладував, трчав, се качував по планини, вежбав) ама изгубив многу клиенти бидејќи бев оној стариот што од сабајле до вечер им правеше друштво по кафаните.


И, не можам да ви признаам дека и до ден денес воопшто не ми е гајле. Сега го имам здравјето и многу пријатели што мислат слично како мене. Разменуваме мислења, се тешиме, се бодриме и секој ден сме се подобри... Луѓе! Трчањето полумаратони и маратони ми отворија нови видици. Топло ви препорачувам да пробате, но покроце. До следната животна авантура, искрено ваш Петар Георгиевски – Камиказа“.