[ВИДЕО] 500 луѓе „глумеле грмушки“ на настапот на Супербоул: Заработиле солидни пари да бидат растенија околу Бед Бани

Точка

13/02/2026

18:30

515

Големина на фонт

а а а

Да, добро прочитавте – „изведувачите во костими на грмушки“ кои се појавија за време на историскиот настап на Бед Бани на полувремето на Супербоул биле солидно платени.

Околу 500 изведувачи се појавиле како растенија околу шарената „касита“ во порторикански стил, а сега испливаа нови детали за организацијата и хонорарите што ги добиле.

„Луѓето во костимите на грмушки беа платени 18,70 долари на час, за 70 часа работа (1.309 долари)“, напиша Дарен Ровел, основач на „CLLCT Media“, на својот профил на мрежата X, додавајќи: „Тоа вклучуваше осум дена проби + денот на натпреварот“.

„Тоа навистина беа луѓе??!“ „Јас би се маскирал во дрво бесплатно само за да бидам на Супербоул со Бед Бани“, коментираа луѓето на социјалните мрежи.

„Разговарав со некои танчери од настапот Бед Бани на полувремето откако завршија. Оценка од нив: 10/10! Можат да си ги понесат костимите дома како спомен!“ додал некој.

Еден од учесниците во форма на „грмушка“ сподели на социјалните мрежи и како изгледал неговиот ден за време на самиот настап и пристигнувањето на Супербоул со колегите.

Корисник на мрежата X по име Мени, кој за време на настапот на полувремето се појавил како „буш бани“ (bush bunny), откри дека за таа прилика се пријавил преку една веб-страница, но не знаел дека ќе биде „грмушка“ сè до една недела пред настапот. Исто така рекол дека преку своите in-ear монитори можел да ја слуша сет-листата и дека знаел за изненадното појавување на Лејди Гага, но дека „не смеел никому да каже“.