Додека повеќето Денот на вљубените го поврзуваат со цвеќе, романтични вечери и подароци, многу мажи го минуваат на сосема поинаков начин – во бордел.
Кетрин Де Ноар, која управува со легален бордел, открила што се случува зад затворени врати на денот што се смета за најромантичен во годината, пишува „LadBible“.
Де Ноар се опишува себеси како менаџерка на еден од најголемите бордели во Европа, а истакнала дека Денот на вљубените не е мирен ден за нејзиниот бизнис.
Дневни и ноќни посетители
Според неа, профилот на клиентите се менува во зависност од периодот од денот. „Кога станува збор за клиентите, Денот на вљубените е прилично напорен ден. Во текот на денот, тоа најчесто се оженети мажи или оние што се во врска, кои сакаат да поминат време со својата омилена сексуална работничка и можеби да ѝ донесат цвеќе или мал подарок“ раскажала таа.
„Навечер клубот е полн со самци кои не сакаат да бидат сами на Денот на вљубените. Некои излегуваат со пријатели на пиво, па потоа завршуваат кај нас, додека други доаѓаат директно“, додала Де Ноар.
Според неа, денот може да биде многу профитабилен за жените што одлучуваат да работат. Сепак, многу од нив се и самите во врски и Денот на вљубените го поминуваат со своите партнери. „Оние што работат понекогаш наплаќаат повеќе за своите услуги“, изјавила таа.
Барање друштво, не само секс
Де Ноар истакнала дека посетата на бордел често не се сведува само на физичкиот аспект, туку постои и потреба за друштво и бегство од осаменоста.
„Многу малку мажи влегуваат, ги соблекуваат панталоните и бараат исклучиво секс“, рекла таа, па додала: „Повеќето сакаат да разговараат, сакаат чувство дека се со вистинско човечко суштество, а не со робот. Мислам дека Денот на вљубените е ден кога некои мажи се почувствуваат поосамени и не сакаат да го поминат сами или талкајќи по барови полни со самци, па попрво би платиле за убаво искуство“.
Специјалните понуди зависат од работничките
Како институција, борделот не нуди никакви специјални пакети или попусти за Денот на вљубените. Таа одлука е препуштена на секоја работничка поединечно.
„Тоа им го оставаме на самите работнички, бидејќи во нашиот клуб тие самите одлучуваат за своите услуги и цени. Објавувањето специјални понуди за Денот на вљубените за сексуални услуги би било спротивно на нашиот пристап. Веруваме дека тоа е нешто за кое тие самите треба да одлучат“, објаснила менаџерката.
„Во претходните години, некои од нив ги украсуваа своите соби или носеа долна облека со мотиви на срца, но тоа е целосно нивна одлука“, заклучила шефицата на јавната куќа.











