Се продава островот кој некогаш припаѓал на кралица: Камена куќа и недопрен пејзаж, цената неверојатна...

Супермен

16/02/2026

09:10

494

Големина на фонт

а а а

Приватниот остров Ynys Gifftan во Северен Велс, некогашен подарок од кралицата Ана, е понуден на продажба за 350.000 фунти. Островот вклучува камена викторијанска куќа, помошна зграда и недопрен пејзаж со панорамски поглед.

Приватниот остров, кој некогаш му припаѓал на британското кралско семејство, бил понуден на продажба по цена што ја изненадила локалната јавност.

Островот  Ynys Gifftan, со површина од 7,2 хектари, се наоѓа во близина на селото Портмејрион, покрај брегот на Северен Велс, и некогаш бил во сопственост на кралицата Ана, која владеела од 1702 до 1714 година.


Интересен прекар

Кралицата го подарила островот, заедно со селска куќа во викторијански стил на предците на лорд Харлех, со што го добила прекарот „Подарокот на Ана“. Луѓето живееле во таа камена куќа до седумдесеттите години од минатиот век.

Денес, островот може да се купи, а почетната цена е 350.000 фунти (околу 400.000 евра), објави „Дејли Меил“.

Интересно е што до  Ynys Gifftan може да се стигне пеш при осека, но би требало да се гази низ длабока кал. Продавачите истакнуваат дека нуди „простран и недопрен пејзаж со панорамски поглед на брегот и околните планини“.


Камена куќа во пристојна состојба

„Комбинацијата од богато наследство и природна убавина претставува возбудлива можност за купувачите кои сакаат да инвестираат во еден навистина посебен дел од Велс“, се вели во соопштението.

Камената викторијанска куќа е во пристојна состојба, но има потреба од реконструкција. На имотот има и помошна зграда што може да се користи како магацин или за други цели.


Доколку ги добие потребните градежни дозволи, на потенцијалниот купувач „му се дава ретка и возбудлива можност“ да ја реставрира и подобри оваа историска зграда..

„Приватност, историја и недопрена природа“

Островот вклучува комбинација од тревни површини и пасишта, кои со текот на времето биле запоставени и бараат инвестиции за да се врати нивниот целосен потенцијал.


„Приватност, историја и недопрена природа - сето ова е достапно по цена на едносемејна куќа“, истакнуваат продавачите на поранешниот остров на кралица Ана.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk