[ФОТО/ВИДЕО] Во сенката на попознатите острови се крие бисерот: Плажите на овој „помалку познат“ Балкански остров се посебни

Точка

16/02/2026

20:02

536

Големина на фонт

а а а

Често престојот на кикладските острови, Санторини и Миконос е нарушен поради метежот. Но, тоа не треба да биде чудно кога ќе се земе предвид колку тие грчки острови според многумина се атрактивни.

Од една страна монденскиот Миконос, резервиран за оние туристи кои можат себеси да си дозволат престој на тој остров.

Од друга страна Санторини, којшто може според многу работи да стои „рамо до рамо“ до Миконос, но за нијанса е поповолен во финансиска смисла.

Меѓутоа, трендовите во туризмот укажуваат на тоа дека сѐ поголем број од туристите имаат желба да ги посетат оние дестинации на кои нема особено многу метеж и кои сѐ уште успеваат да ја зачуваат својата автентичност, во поголема или помала мера.

Популарната статуа

Можеби повеќе од било која друга локација во Грција, островот Милос е познат по една статуа. Иако оригиналната статуа од старогрчката божица Афродита,  популарна и како Милоска Венера, денес се чува во парискиот музеј Лувр, често токму таа е асоцијацијата за многумина кога ќе помислат на овој остров.

Денес може да се види и прилично верна копија од оваа фасцинантна античка скулптура на Милос - баш во близина на ова место на кое пред околу 200 години била откриена. Се смета дека Милоска Венера била изградена уште во текот на вториот век пред наша ера.


Плажите на Милос

Без оглед на тоа што станува збор за остров од вулканско потекло, Милос е еден од островите од групата Киклади којшто може да се пофали со фантастични плажи. Некои од нив се препознати и како најубави во целата земја.

Веројатно најпознатата, па со самото тоа и најпопуларна меѓу нив е плажата Саракинико.

Опкружена со нереално убава сина нијанса на море, во комбинација со белите карпи од вулканско потекло, не е ни чудно што се смета за една од најубавите плажи на грчкото тло.


Иако со задоволство ја посетуваат оние туристи на кои авантурата не им е непозната, трудот да стигнете до плажата Циградо носи и награда во вид на нереално убав поглед.

До неа води тесна патека низ прилично стрмна карпа, но сето тоа е ништо кога ќе стигнете до оваа плажа.

Покриена со песок во златна нијанса и карактеристично чиста кристална боја на море таа едноставно го одзема здивот.

Особено е интересен патот до овие плажи и тоа не само поради спуштањето по патеката туку и поради природниот тунел којшто се наоѓа на таа патека, а тоа искуство претставува цела авантура која дава дополнителна доза на убавина.


Една од плажите на Милос која е единствена е и Палеохори. На неа постојат делови со топли извори на геотермални води што ја прави особено интересна затоа што на посетителите им нуди специфично „спа-искуство“.

Исто така и локацијата Клефтико на Милос не треба да ја пропуштите. Фантастичните формации на карпи кои ги создала природата, даваат дополнителна доза на шарм. Сето тоа во комбинација со пештерите и заливите ја прави оваа локација исклучително атрактивна за посета.