Ја запознала љубовта на својот живот, па 2 месеци подоцна - станала мајка: 33 години долгата љубовна приказна на актерката како од бајка

Точка

18/02/2026

08:22

1.210

Големина на фонт

а а а

Актерката Мишел Фајфер веќе имала еден брак зад себе кога го запознала мажот на својот живот.

Актерката Мишел Фајфер имала долго патување полно со подеми и падови сè додека не го сретнала својот идеален маж, со кого е во брак 33 години.

По првиот брак со Питер Хортон, кој траел 7 години, актерката била сама неколку години и создала свој свет каде се чувствувала најудобно.

Сепак, бидејќи љубовта обично доаѓа случајно и ненадејно, актерката го запознала и продуцентот Дејвид Кели на „состанок на слепо“, во ресторан, во поголема компанија.


Едвај размениле по некој збор, а Мишел помислила дека Кели се задева со нејзината сестра.

„Бев малку нервозна и имав неколку лоши состаноци на слепо, но мојата најдобра пријателка рече: Те молам, само уште еднаш за последен пат, запознај го овој човек, Дејвид Кели. Јас реков во ред“, изјавила актерката.

Сепак, актерката го привлекла вниманието на Кели, па тој ја поканил во кино следната недела и врската наскоро станала сериозна.

Сепак, пред да го запознае Дејвид, Мишел Фајфер го започнала процесот на посвојување дете.

„Навистина сакав семејство, но не сакав да не го остварам мојот сон да станам мајка само затоа што не сум мажена“, изјавила таа претходно.

Таа знаела дека не е баш вистинско време да му кажеш на новото момче дека посвојува дете, но исто ткаа знаела дека не сака да се откаже од тоа.

„Бев многу нервозна што морав да му кажам дека сум во процес на посвојување, но знаев дека ова е единствениот начин да направам пресек помеѓу дечко и маж. Постапката веќе беше започната, па кога таа пристигна (Клаудија Роуз Фајфер), Дејвид и јас веќе бевме во врска два месеци“, изјавила актерката и додала:

„Ситуацијата во која се најдовме, што веднаш добивме дете, е нешто што не се случува често. Прво двајцата станавме родители, а дури потоа нашата врска стана посилна. На чуден начин, сето ова некако го тргна фокусот од нашата врска кон детето. На крајот, сè испадна совршено и покажа дека традиционалниот начин не е секогаш најдобар“.


Фактот дека прво станале родители, а потоа партнери, и дека Дејвид Кели не се плашел од тоа, ѝ докажал на Мишел дека тој е маж, а не момче и дека е „достоен за задачата“.

Осум месеци откако посвои девојче, Мишел застанала пред олтарот со Дејвид во 1993 година. Малата Клаудија била крстена токму на свадбата.

И веќе следната година, во август 1994 година, Мишел и Дејвид добиле син, Џон Хенри.

Актерката јавно признала дека Дејвид е неверојатен татко.

„Направив навистина добар избор со Дејвид. Имав среќа“.

Двајцата се во брак 33 години, а актерката е недвосмислено решена да не го меша личниот живот со професионалниот.


„Видов многу парови каде што се чини дека имаат навистина одличен брак, а потоа работат заедно и следната година поднесуваат барање за развод“, изјавила таа за „The New Yorker“.

А тајната на нивниот успешен брак е исклучително едноставна, почит и сличен поглед на животот.

„Двајцата го сакаме семејството, ја цениме приватноста и не сме опседнати со славата“, вели Мишел Фајфер и признава дека чувството за хумор на нејзиниот сопруг можеби било клучно.

„За мене, Дејвид е најдуховитиот човек на светот. Сè уште ме тера да се смеам како првиот ден“, заклучила актерката.