Девојката со нереална убавина која се појави во музичкиот спот на Брејк за песната „Една во милион“, привлече големо внимание во македонската јавност.
Нејзината харизма, природна убавина и кокетирање пред камерата ја издвоија како еден од најзапаметените визуелни елементи во видеоспотот.
Александра Попова е македонски модел кој носи голема емоција, но и естетика и совршено се вклопува во атмосферата на самата песна на Брејк. Таа е суптилна, модерна и заводлива, нешта кои се клучни за да се долови визуелното во едно видео.

Токму таа рамнотежа меѓу елеганцијата и сензуалноста ја издвојува Александра како ново лице кое публиката без сомнеж го забележа.
Ова нејзино појавување во спотот на песната на Брејк се смета како голем чекор напред и најава за нови ангажмани на оваа девојка, со оглед на тоа што таа сѐ уште не е медиумски премногу експонирана.

Со ваков старт, јасно е дека за Александра Попова и нејзината нереална убавина допрва ќе се зборува.
📸 Повеќе фотографии од Александра Попова:





















