Ова се најевтините и најскапите земји за јадење во ресторан: Погледнете на кое место е Македонија во однос на цените на оброците

Точка

20/02/2026

12:51

1.086

Големина на фонт

а а а

Да се проба локалната кујна е подеднакво важно како и да се посетат најпознатите знаменитости кога ќе посетите нова земја. Сепак, европската гастрономска сцена значително се разликува во зависност од буџетот потребен за вечера за двајца.

„FerryGoGo“ спроведе истражување и состави листа на европски земји, од најскапите до најповолните, врз основа на просечната цена на вечера во три следа за две лица, без пијалаци, во ресторан од средна категорија.

На листата на најевтини се Македонија со 24,38 евра и Молдавија со 30,32 евра, што потврдува дека овој дел од Европа е особено привлечен за оние кои сакаат да уживаат во оброк по пристапна цена.


На спротивниот крај на листата, каде што вечера во ресторан бара значително поголем буџет, се наоѓа Швајцарија. Просечната цена на вечера во три следа за двајца во ресторан од средна категорија изнесува 107,24 евра.

Данска зазема второ место по висина на цените, додека Луксембург е трет.

Најповолни земји во Европа за вечера во ресторан:

•  Македонија: 24,38 евра;

• Молдавија: 30,32 евра;

• Босна и Херцеговина: 30,75 евра;

• Србија: 38,34 евра.

Најскапи земји во Европа за вечера во ресторан:


• Швајцарија: 107,24 евра;

• Данска: 93,69 евра;

• Луксембург: 90,00 евра;

• Норвешка: 89,86 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk